Во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина. Нашите безбедносни служби работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Значењето на тоа членство во НАТО можеме да го увидиме сега, во моменти кога имаме еден ваков сериозен конфликт. Така што сите случувања на тој план треба да нè држат будни, како безбедносни служби, инаку овде немаме индикации за нарушување и во однос на мигрантите ние немаме практично зголемување на бројот на илегалните обиди во споредба со истиот период од минатата година, рече тој.
Спасовски дополни дека имаме намалување на бројот на илегални мигранти, но состојбата околу мигрантската криза се следи постојано и врз основа на параметрите соодветно се реагира.