Home Maqedoni Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен иннтензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Exit mobile version