26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Собранието ќе ја одржи 74-тата седница

Собранието денеска треба да ја одржи 74-тата седница на чиј дневен ред има 20 точки меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, по скратена постапка.Во рамки на седницата пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за изменување на Законот за заштита на децата, и за дополнување на Законот за стоковните резерви, сите по скратена постапка

На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите по скратена постапка. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles