-4 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Собранието одржа четири седници и донесе повеќе законски решенија

Собранието во рамките на денешната работа по денвиот ред на 25-тата, 43-тата, 54-тата и 57-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа донесе повеќе законски решенија.
Во рамките на 43-тата седница едногласно беа донесени Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година.

Во рамките, пак, на 54 тата седница беа донесени законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи и на Законот за странци, како и законите за изменување на Законот за заштита од експлозивни, на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и на Законот за полиција.

Воедно беше донесен Законот за медијација и законите за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита, како и на Законот за заштита на децата, кој беше гласан со бадинтеово мнозиство при што од вкупно 61 глас „за“ имаше и 23 гласа „за“ од пратениците од немнозинските заедници.

Во рамките на оваа седница едногласно беа донесени одлуките за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2019 година и за 2020 година, на Годишните програми за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2020 и 2021 година, и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2022 година. Собранието ги донесе и одлуките за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2022 година, и на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва. На седницата беше усвоен и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2020 година.

На 57-та седница едногласно беа донесени Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството и откупот на земјоделски производи, Законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, и Закон за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија.

Претходно во рамките на 25-тата собраниска седница претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека последните две точки што беа останати на нејзиниот дневен ред се повлечени од поднесувачите.

Џафери за в понеделник во 11 часот ја закажа 59-тата собраниска седница на чиј дневен ред се Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија во трето читање, Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки во второ читањ и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта Билали – Зендели, и Илија Николовски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles