13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

СМО: Јули беше еден од најтоплите месеци во историјата

Минатиот месец беше еден од најтоплиот јули некогаш забележани во светот, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО), специјализирана агенција на ОН со седиште во Женева.

„Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, а во исто време интензивниот и долготраен топлотен бран, како што сите можевме да видиме, погоди многу делови од Европа“, рече портпаролката на WMO, Клер Нулис на прес-конференција.

Во соопштението за печатот на Светската метеоролошка организација, кое се повикува на податоци на службата Коперник за климатските промени, се појаснува дека јули 2022 година бил само малку поладен од јули 2019 година, но и малку потопол од јули 2016 година.

„Но, температурната разлика помеѓу тие три месеци беше навистина многу мала“, рече Нулис, додавајќи дека „отстапувањето е помало од маргина на грешка“.

На глобално ниво, температурата забележана во изминатиот месец ја надминала за 0,4 степени Целзиусови таа забележана во референтниот период од 1991 до 2020 година. И сето тоа и покрај присуството на природниот феномен Ла Нињо, кој, според СМО, „требаше да има ефект на ладење“.

Минатиот месец СМО ги повика светските лидери да се „разбудат“ и да сфатат дека Европа минува низ низа необични топлотни бранови кои поради климатските промени ќе зачестат и ќе се случуваат континуирано барем до 2060 година.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles