6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

СЗО пријави речиси 170 случаи на хепатитис кај деца од непознато потекло

Во 12 земји во светот досега се пријавени 169 случаи на актуен хепатитис кај деца од непознато потеко со еден смртен исход, соопшти Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

„Според состојбата до 21-април 2022 година беа забележани најмалку 169 случаи на акутен хепатитис од непознато потекло во 11 земји во европскиот регион на СЗО и една земја во регионот на Америка“, се наведува во соопштението на организацијата од саботата вечерта.

Се прецизира дека од вкупната бројка 114 случаи на акутен хепатитис кај деца се пријавени во Велика Британија, 13 случаи во Шпанија, 12 во Израел, девет во САД , шест во Данска. Најмалку пет случаи се ресгистрирани во Ирска, по четири во Италија и во Холандија, по два случаи во Норвешка и во Франција, а по еден во Романија и во Белгија.

Според СЗО, возраста на пациентите се движела од еден месец до 16 години. За околу 10 отсто од пациентите била потребна трансплантација на црниот дроб. Организацијата наведувва дека добила информација за најмалку еден смртен исход.

Исто така, од СЗО наведуваат дека верусите на хепатитис од типовите A, B, C, E и D не се откриени во ниеден од овие случаи. Аденовирусот бил идентификуван во најмалку 74 од случаите, а аденовирус од груптата F (тип 41) со молекуларно тестирање е пронајден кај 18 пациенти.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles