4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Северна Македонија стана полноправна членка на Унијата за Медитеранот

Во рамки на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот што денеска се одржува во Барселона, министрите за надворешни работи на 42 земји – членки едногласно ја донесоа одлуката за полноправното членство на Република Северна Македонија во оваа организација која ги вклучува сите земји членки на ЕУ како и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ.

Како што соопшти МНР, при своето обраќање на свечениот чин на пристапувањето, министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за препознавањето на вистинскиот интерес на Северна Македонија да се приклучи на Унијата за Медитеранот, како и за дадената доверба.

-Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ, поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран, рече Османи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles