10 C
Struga
Thursday, December 8, 2022
spot_img

СДСМ: Мицкоски секој ден бара избори, избори ќе има во 2024

Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби.

Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините. 

Затоа Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска. 

Новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година, Мицкоски може да бара избори колку што сака, избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година. 

Граѓаните се уморни од избори и бараат решавање на проблемите а не ново заглавување и закочување на државата. Барањето на Мицкоски е обид за опструкција на општеството.

Христијан Мицкоски е најмалку повикан да зборува за енергетиката и енергетската криза.

Двојно зголемување на цената на струјата, укинување на евтината дневна тарифа, честите повеќеднвени испади на енергетската мрежа се резултатите од неговото долгогодишно директорување со ЕСМ и советување на Никола Груевски. 

Наместо идеи предлози, се што прави Мицкоски се несоновани критики и обвинувања.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles