4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

САД прв пат ѝ испраќаат моќни проектили на Украина: Влогот е превисок

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на состанокот на министрите за одбрана во Брисел изјави дека руската инвазија на Украина е „клучен момент“ за Америка.

Остин додаде дека сојузниците на Украина „не смеат да си дозволат да попуштат и да го изгубат здивот“.

Остин зборуваше на почетокот на средбата, чија главна тема е испраќање тешко оружје во Украина.

„Влогот е превисок. Мораме да го интензивираме исполнувањето на нашите заеднички обврски кон украинската одбрана и мора да направиме уште повеќе за да обезбедиме Украина да ја брани својата територија и нејзините граѓани“, рече Остин.

Украина се соочува со „решавачка битка“ во Северодоњецк, каде руските сили користат оружје со голем дострел за целосно да ги уништат одбранбените позиции на Украина, рече Остин.

Во меѓувреме, новинарот на Блумберг, Ентони Капачо, објави дека Соединетите Држави планираат да објават нов пакет воена помош за Украина од 650 милиони долари, кој за прв пат ќе вклучува моќни противбродски ракети од типот Харпун.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles