26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Руската инвазија на Украина ќе предизвика глад за 40 милиони луѓе

Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, денеска изјави дека руската инвазија на Украина ќе предизвика недостиг на храна за 40 милиони луѓе и дека најтешко ќе биде погодена субсахарска Африка.

САД обезбедија 4,5 милијарди долари за прехранбена безбедност  на Самитот на Г7, од кои веќе придонесоа со 2,76 милијарди долари.

– Исто така, има планови САД да придонесат со 150 милиони долари во нов пакет помош за хуманитарен развој во Африка, но сè уште е потребно одобрување од Конгресот, додаде таа.

Африканците „не треба да бидат принудени да избираат страна” во повторувањето на Студената војна, но тие мора да ги знаат фактите, посочи амбасадорката.

Посочувајќи дека енергијата, климатските промени, пандемијата и конфликтот се клучни причини за глобалниот проблем за снабдување со храна, Томас-Гринфилд рече дека „најподмолната причина за глад” е „кога се користи како оружје при војна”.

– Не видовме индикации дека Русија ќе прифати дипломатско решение за војната во Украина, рече таа.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles