13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Русија објави нови бројки: Во Украина се бореле 79 македонски државјани, загинале 26

Уште двајца македонски државјани го дале својот живот за Украина, со што бројот на загинати „платеници“ од Македонија, како што ги нарекува Кремљ, сега е 26, стои во статистиката објавена од страна на руското министерство за одбрана. 

Според табелата објавена од Москва, од 24 февруари до сега, во Украина подготвени за борба пристигнале 79 државјани на Македонија, од нив дваесетина се вратиле, а во моментот на боиштата Русија брои 32 „платеници“ од земјава. Според руските податоци елиминирани биле една третина од „македонските платеници“. Официјалните претставници на Украина пак, досега немаат објавено вакви податоци.

Од македонското министерство за надворешни работи за Канал 5 велат дека не располагаат со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна.

Со првиот испукан куршум во било кој конфликт најпрво умира вистината, но од друга страна проблемот со странските борци кај нас не е вчерашен, вели за Канал 5 професорот на воената академија, Методи Хаџи-Јанев.

Русија тврди дека во последните четири недели бројот на „платеници“ се намалил за 550, па сега околу 2.000 борци од странство се вклучени во борбите во Украина. Од Москва велат дека иако се уште пристигнуваат борци на страната на Украина, таа бројка не била доволна за компензација на бројот на заминати од боиштата и убиените. Од украинска страна пак, податоци за ова нема.

Инаку, за војување во странска војска, според македонските закони казната е неколку години затвор, а за слични дела, односно учество на боиштата во Ирак и Сирија, десетина лица се зад решетки и ја издржуваат затворската казна.

Според неофицијални информации, за војување или за извлекување на цивили како што официјално се нарекува работното место, пријавените во Украина добивале плата од илјада до две илјади долари на ден.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles