13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Речиси 700 граѓани ја примија 4-та доза антиковид вакцина за 2 дена – бројот на хоспитализирани се уште мал

За два дена околу 700 граѓани примиле четврта доза на вакцина против ковид 19.  По препораката од Комисијата за заразни болести, најголем интерес за бустирање имало кај скопјани а по педесетина ги посетиле и диспанзерите во Велес и прилеп. За разлика од нив, интерес за прво боцкање речиси и да нема, односно, месечно, Инситутот за јавно здравје евидентира  едвај сто лица во извештаите за вакцинација.

Четврта доза вакцина примиле 697 граѓани:

Скопје – 374

Велес – 48

Прилеп – 40

Охрид – 35

-Четвртата доза ќе биде со МРна вакцина, односно Фајзер или Модерна и ова е квалитетно бустирање кое дава најдобар ефект, вели др. Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ (06.07.2022)

Препораката за дополнителна заштита на имунитетот доаѓа во време кога растат бројките на новодијагностицирани со ковид 19. Меѓутоа, олеснителна околност според здравствените власти е што нема наплив на пациенти во болниците. Во државата во моментот на болничко лекување поради компликации од новите варијанти на вирусот има 28 од кои 13 се на Инфективна во Скопје а 9 има во битолската болница. Македонија е во зелена фаза спроед параметреите на советодавното тело на министерот за здравство и засега не планираат враќање на мерки за заштита.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles