13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Расте бројот на позитивни, расте и ризикот – Се повеќе хоспитализации од Ковид-19

За една недела 100-тина пациенти со Ковид завршиле во болница. Според последниот извештај на ИЈЗ во моментот во целата држава хоспитализирани се 136 граѓани, 40 од нив се на кислородна поддршка. За разлика од неделата претходно кога немаше смртни случаи, изминатите 7 дена, 12 лица ја загубиле битката со вирусот.

Неделната анализа на ИЈЗ покажува дека продолжува трендот на зголемување на бројот на новозаразени. Претходната седмица пријавени се 4389 случаи. Речиси секој втор тестиран бил позитивен.

Голем пораст на бројот на амбулантски прегледи периодов има и во Кумановската болница која го покрива целиот североисточен регион. Дневно третираат и по 70-тина позитивни или сомнителни на Ковид.

– Имаме голем пораст на амбулантските прегледи и во соработка со ЦЈЗ не информираат дека од 50 тестирани некои за Ковид или поради други причини 40 се позитивни. Ние во моментот имаме 9 хоспитализирани пациенти, 5 од нив се на кислородна подршка, но со други коморбидитети, изјави за Сител, д-р Снежана Захариева, директор на општа болница Куманово.

Според доктор Захариева различна е симптоматологијата кај оние кои доаѓаат на преглед, но за разлика од претходните Ковид бранови, сега со оваа варијанта пациентите пократко се задржуваат во болница.

– Различна е симптоматологијата, но за среќа пократко време трае хоспитализацијата, додава д-р Захариева.

И матични лекари според она што го гледаат во ординациите велат дека најголемиот дел од заразените периодот оздравуваат за 5 до 7 дена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles