11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Ракомет: Македонија обезбеди осмо учество на Светските првенства 

Најдобрата машка репрезентација на Македонија извојува голема победа над Чешка од 27-25 и го визираше пасошот за уште едно големо натпреарување, Светскиот шампионат в Шведска и Полска на почетокот на 2023 година.

Со одлична игра во сите 60 минути од реванш баражот за плаасман на Мундијалот во 2023 македонските ракометари го добија исклучително тешкиот дуел со силната Чешка. и се пласираа на своето осмо Светско првенство и 15 големо натпреварување во историјата. 

За новиот огромен успех на црвено жолтите се заслужни сите ракометари од голманот Митревски до бедемот во одбраната Мишевски и секако целиот стручен штаб.

Македонија и вечерва уште еднаш покажа и докажа дека има свестки квалитет и дека може рамноправо да игра против сите селекции од светот. Чешка повторно е на колена пред македонските ракометари као и на претходните три бараж средби за пласман на големие натпреварувања.

Во вечерва феноманалната македонска селекција најрасположени за постигнување на голови беа новите предводници на тимот Филип Кузмановски со 9 и Филип Талевски со 6 погодоци, кои уште еднаш потврдија дека се вистински наследници на нашите легенди и великани Кире Лазаров, Миркуловски, и другите.

Секако големи заслуги за триумфот има и октоподот на нашиот гол Никола Митервски кој во клучните мигови кога Чешка се обидуваше да израмни одбрани неколку зицери.

Величествениот триумф во полната сала Борис Трајковски сигурно вечно ќе го памети нашиот великан Филип Миркуловски кој вечерва го одигра последниот меч во националниот дрес и во иднина ќе биде дел од стручниот штаб.. 

На крајот и уживајте во изведбата на македонската химна од најбројниот хор седум илјадната публика во Борис Трајковски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles