12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Самитот на Меѓународната платформа за Крим

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Самитот на Меѓународната платформа за Крим, што ќе се одржи преку видео-конференциска врска.

Самитот е предвидено да почне во 13:00 часот, а покрај државно-владиниот врв на Украина – претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмигал, претседателот на тамошниот Парламент, Руслан Стефанчук и претставници од Крим, ќе присуствуваат и лидери на држави и влади на членки на НАТО, како и на ЕУ, се вели во соопштението од Владата.

Меѓу учесниците се и претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и како претставници од други држави од светот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles