26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Премиерот Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц

Ве известуваме дека на 11 јуни 2022 година (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.

Според агендата за посетата, официјалниот пречек на платото пред Владата е во 8:30 часот, а потоа следува билатерален состанок на двете делегации.

Програмата за посетата предвидува и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц во 9:45 часот со формат за новинарски прашања 2+2.

Заинтересираните медиумски претставници за следење на официјалниот пречек и на заедничката прес-конференција треба да се акредитираат на следниот линк https://forms.gle/352YdoSEZiEfCnWV7 најдоцна до 9 јуни 2022 година (четврток) до 10:00 часот. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles