6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

Премиерот Ковачевски верува дека ќе има договор со СОНК исто како и со репрезентативниот синдикат за Општиот колективен договор

Има време во кое СОНК и Министерствата за образование и за труд и социјална политика треба да се договорат. Јас верувам дека ќе има договор исто како што верувам дека разговорите со репрезентативниот синдикат за Општ колективен договор ќе имаат резултат, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски од Стенковец каде се одржа Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“.

Потсети дека со СОНК се одвиваат разговори со помош на Медијација која е законско решение и дека во рамките на медијацијата се разгледуваат сите опции кои се однесуваат за зголемување на платите на наставниците, но и воведување на методологија за раст на платите која нема да биде базирана само на зголемување на платите. Премиерот информира дека се разговара и за зголемување на ефикасноста и на перформансите на образованието.

-Да не заборавиме дека на ПИСА тестирањата како држава имавме лоши резултати и тоа треба сите заедно да го унапредиме и државата, Министерствата и наставниците, нагласи Ковачевски.

Премиерот појасни дека покрај преговорите со синдикатите, дадени се задачи на Министерството за информатичко општество заедно со министерствата и синдикатите да се изготви еден нов закон за плати каде ќе се отстранат, како што рече, сите неконзистентности кои се имаат насобрано во секторот за плати во изминативе 30 години.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles