Русија и Украина денеска одржаа нова рунда преговори, но за конкретни резултати светот ќе почека до утре, бидејќи попладнево преговарачите прогласија “техничка пауза”.
Четвртата рунда преговори беше одржана преку видео врска, а дојде ден откако во рускиот напад на воената база во Лавов, близу полската граница, загинаа 35, а беа поврдени 134 војници.
Во порака објавена на Твитер, паузата во преговорите ја најави Михаило Подољак, шефот на украинската делегација.
„Направена е техничка пауза во преговорите до утре, за дополнителна работа во работните подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат…”, напиша Подољак.
Украинскиот преговарач претходно информираше дека позициите од двете страни се презентирани и дека комуникацијата оди тешко, а причина се различните политички системи на двете страни.
На преговарачката маса се постигнување на прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина и извлекување на цивилите од кризните подражја. Паралелно со мировните напори се одвиваат воени дејствија. Украинските сили го ракетираа утринава центарот на Доњецк, при што загинаа 20 цивили.
Киев исто така е под удар, но на руските сили. Во бомбардирање на еден станбен дел од градот има жртви и повредени, а цивилната гарда порача дека нема да дозволат Русите да влезат во градот.
Ракетирана е фабриката за авиони во градот. Без струја повтороно остана нуклеарната централа Чернобил. Во исто време, Москва демантираше дека побарала воена помош од Кина, а ова го потврди и Пекинг. Портпаролот на Кремљ Песков порача дека помош не име потребна бидејки специјалниоте акции одат според планот.