24 C
Struga
Monday, May 23, 2022
spot_img

Почна собраниската дебата за намалување на акцизите на горивата и на ддв-то за храната и бензините 

Со час и половина задоцнување денеска започна седницата за усвојување на предлог измените на законите за акциза и за ДДВ. Додека граѓаните цел ден ги чекаа законите со кои ќе им се намалат трошоците за храна горива, народните избраници решиа да дебатираат на овие точки доцна попладнево. За ваквото доцнење пратеникот Димитар Апасиев гo обвини спикерот на собранието Талат Џафери за доцнење од повеќе од еден час, што ја отсликува негрижа кон граѓаните.

„Самата ваша ажурност се гледа во тоа што во 15 часот ни беше закажана седницата еве сега е 17 не можете да обезбедите мнозинство. Тука се гледа вашата итност“, изјави Димитар Апасиев пратеник на Левица

Опозицијата веднаш напомена дека предлог законите ќе ги поддржи. Но опозиционерите се револтирани од односот на собранискиот спикер Џафери бидејќи нивниот предлог со слични измени на законите е заглавен во собраниска процедура 12 дена.

„Доколку вие, владата, и министерството за финансии  навистина сакавте ова да се случи, вие како владеачко мнозинство ќе прифатевте да не ги губиме овие 12 дена непотребно. Амандмански ќе реагиравте и гужвите на бензинските и паниките меѓу луѓето неизвесноста на компаниите ќе го решевте“, изјави Никола Мицевски ВМРО-ДПМНЕ

Спикерот Талат Џафери вели дека постапувал  според деловникот. Додава дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е ставен на дневен ред и за него ќе се расправа во следните денови.

„Требаше да има  минимум 20 потписи од пратеници со барање да се свика итна седница“, рече  Талат Џафери Собраниски спикер

Од СДСМ потенцираа дека со новите измени на законите граѓаните ќе имаат подобрена куповна моќ.

„Секако, можеби на решенија да гледаме различно. Но на крајот треба да донесеме одлуки што ќе помогнат на граѓаните на сите оние кои не бирале, затоа што на крајот на денот избрани сме од нив да ги решаваме проблемите“, рече  Јован Митревски СДСМ

Со предлог законите се намалува акцизата на горивата која државата ја добива со продажбата на бензинските пумпи, но и ДДВто на горивата од 18 на 10 отсто. Исто така со измените ДДВ-то на храната се намалува на 0 проценти.  За да стапат на сила  надополнувањта на законите прво треба да излезат во Службен весник.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles