4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Поефтин леб, млеко и месо од 1 декември

Ќе јадеме ли поефтина храна одново е прашање кое зависи од цената на струјата. Владата на пренхранбените компании им понуди субвенционирана струја од 80 евра за еден мегават час. Од најмалку 1000 фирми во оваа дејност едвај една четвртина се регистрирале. Посилен интерес за поефтина струја покажале јавнитеп ретпријатија за снабдување со вода, а помал интерес покажале средните и основни училишта. Премиерот Димитар Ковачевски, пшовторно апелираше до Општините да не ја злоупотребуваат мерката и да не ги пријавуваат општинските згради за субвенционирана струја.

Сепак пријавени или не, од 1 декември останува обврската за намалување на цените на основните прехрабнеи продукти и тоа ќе важи за сите. Контроли од инспекции и казни кои ги предвидува законот за трговија и за заштита на потрошувачите  најави министерот Бектеши за компаниите кои не ги намалиле цените без разлика дали се под капата на ЕСМ продажба или не.

Медиумите прашуваат дали и тие ќе мораат да ги снижат цените на храната, Бектеши не ја исклучува можноста од рестриктивни мерки за непослушните.

Растот на цените на производите изминатиот период, Бектеши вели дека е во согласност со ценовните движења на прехранбените производи на меѓународниот пазар. Пренхранбената индустриај е загрижена дека цените на крајнитеп розивди не зависат само од нив и маржата туку пред се од берзите и репроматеријалите кои се увозни. Владата сеуште калкулира, но најави дека се работи и на акциски план за дополнителни мерки за поддршка на граѓаните и на мали и микрокомпании, посебно на оние компании што вработуваат поголем дел од граѓаните, а тие главно се мали потрошувачи на електрична енергија кои засега се на регулиран пазар.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles