17.4 C
Struga
Thursday, July 25, 2024
spot_img

Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за IV, V и VI одделение во деветгодишно основно образование

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

Повик за искажување на јавен интерес

 за  формирање на авторски тимови за  изработка на ракописи за учебници за IV, V и  VI  одделение  во деветгодишно основно образование

Авторските тимови ќе се формираат  за следните наставни предмети:

1.Македонски јазик за учениците од другите заедници за IV одделение во деветгодишно основно образование
2.Македонски јазик за учениците од другите заедници за V одделение во деветгодишно основно образование
3.Македонски јазик за учениците од другите заедници за VI одделение во деветгодишно основно образование
4.Историја и општество  за  VI одделение  во деветгодишно основно образование
5.Српски јазик за  VI одделение  во деветгодишно основно образование

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 15.09.2023  година. (пријавата може да се преземе од веб – страната на МОН – www.mon.gov.mk).

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

– уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

– доказ дека имаат работно искуство во настава,

– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Напомена: во составот на авторскиот тим може да се избере и автор кој не ги исполнува условите во однос на работното искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование по соодветниот наставен предмет за кој е наменет учебникот, односно работно искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование соодветно според наставната програма за предметот за кој е наменет учебникот

Министерството за образование и наука известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

Пријава: https://mon.gov.mk/download/?f=Prijava%20AT_1.doc

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles