17.5 C
Struga
Wednesday, May 25, 2022
spot_img

Петков од Софија: Постигнавме голем успех во Скопје

Бугарскиот премиер Петков вчерашната посета на Македонија ја оцени како огромен успех. Средбите во Скопје беа конструктивни, а доказ за тоа, вели тој, е дипломатската нота за краткото и долго име која Македонија ја испрати до Светската организација со што е исполнето првото барање од пакетот 5 плус еден на Бугарија.

Според бугарскиот премиер ова сепак е само почеток, а следува уште многу работа. За тоа се задолжени  работните групи, меѓу кои и историската комисија која ке расправа и за темата на фашизмот, услов кој го наметна бугарска страна.

Претседателот Радев деенска го пофали новиот пристап на Петков за динамизирање на односите меѓу двете земји. Сепак, пред бугарските пратеници тој ги повтори старите услови и тези за Македонија.

Радев кој денеска даде свечена заклетва за вториот мандат, истакна дека бугарските национални интереси и позиции се потврдени со консензус и декларацијата од 2019 година.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles