27 C
Struga
Monday, June 27, 2022
spot_img

Пендаровски следната недела ќе го даде мандатот за нова Влада

Почна да тече рокот од 10 дена за давање мандат за формирање на новата Влада. Претседателот Стево Пендаровски најави дека тоа може да се случи за помалку време, дури и во првите денови од следната недела.

Во интервју за Канал 5, претседателот наведе дека Собранието го известило за оставката на Владата, но потребен е дополнителен допис од партиите кои имаат мнозинство. Пендаровски во моментов не гледа потреба да бара 61 потпис како доказ за постоење на парламентарно мнозинство.

Се очекува кандидат за мандатар да биде Димитар Ковачевски, но неговото име мора да го потврдат органите на СДСМ.

Откако евентуално би го добил мандатот, Ковачевски ќе има рок од 20 дена во Собранието да го предложи составот на новиот владин кабинет и програмата. Се очекува владиниот кабинет да се разликува од оној на Заев. Во него ќе биде вклучена Алтернатива, второ, ќе има промени на имињата на министрите од СДСМ и размена на ресори со коалиционите партнери.

Мила Царовска повеќе нема да раководи со Министерството за образование. Нејзиното место се очекува да го заземе актуелниот министер за администрација Јетон Шаќири од ДУИ. Министерството за земјоделство со кое раководеше БЕСА, се враќа кај СДСМ и се очекува да биде во рацете на Трајан Димковски. Дел од измените може да биде и Министерството за внатрешни работи. Актуелниот министер Оливер Спасовски изјави дека тоа зависи од мандатарот, но додаде дека не се гледа себеси како дел од новата лидерска структура на СДСМ. Имињата на Љупчо Николовски и Славјанка Петровска се шпекулира дека ќе бидат можни министри за внатрешни работи. Алтернатива ги добива Министерството за здравство и Министерството за информатичко општество и администрација. Радмила Шеќеринска повеќе нема да биде дел од Владата, па Министерството за одбрана се очекува да ѝ припадне на Либерално-демократската партија. Се очекува за новата Влада да се гласа во втората половина на јануари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles