13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Пендаровски: Се надевам дека ЕУ конечно ќе го одржи зборот и ќе отвори преговори со Македонија

Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на ЕУ конечно ќе го исполнат своето ветување  и  ќе донесат одлука за отворање преговори со Македонија.

До македонските власти не пристигнал француски предлог, за надминување на спорот со Софија..Пендаровски на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел не сакаше да ги коментира внатрешните случувања во Бугарија, но изрази очекување дека следната недела на самиот на европските лидери Брисел ќе го исполни ветувањето од март 2020 кога советот донесе позитивна одлука за пристапните преговори.. Бараме цврсти гаранции дека Бугарите во Уставот ќе биде последно барање на Софија, одговори Пендаровски на прашање од бугарски новинар.

„Сакаме да го одблокираме процесот со Македонија и Албанија , ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија, истакна првиот човек на европскиот совет Мишел, но не можеше да потврди дека следната недела ќе се одблокира европскиот пат на земјава.

Околу предлогот за создавање на „Европската политичка заедница“, Мишел појасни дека не станува збор за алтернатива за проширувањето туку за процес што ќе овозможи продлабочување на соработката.Идејата е прифатлива за Пендаровски, но таа заедница како што изјави ја разбираме не како утешна награда или компензација за членство туку како дополнителен инструмент за побрза интеграција..

Мишел имаше средба и со премиерот Димитар Ковачевски за време на Преспа форумот, на која е потенцирано дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет.. Разговарале и за учеството на Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработка во енергетиката.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles