6 C
Struga
Wednesday, December 7, 2022
spot_img

Од утре повторно се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи

Владата повторно ги ограничи трговските маржи.

Леб, брашно, зејтин, млеко, ориз, шпагети… од утре ќе се продаваат со маржи од 5 и 10% до крајот на септември. Дополнително пак до крајот на годината на производителите и трговците им се кратат сите дополнителни оперативни трошоци. Според министерот за економија Крешник Бектеши на овој начин цените на производите би се намалиле од 5 до 7 денари минимум.

„Не е фер во тек на 24 часа да има зголемување од 70%. Цени на суровини следиме, не сме приметиле дека од 31мај толку се зголемиле влезните фактури или електрична енергија. Јас мислам повеќе од доволно е 5 и 10% да се има маржа во време на криза. Замислете за тестенини да се зголеми 80% за 24 часа во наша држава би требало да влезат , а истиот ден немало ни еден камион.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Бектеши не прецизираше дали државата ќе им прости одредени давачки на фирмите, само истакна дека за дополнителни мерки ќе се чека ребалансот со кој се предвидени над 70 милиони евра, но само за најпогодените. Не ја исклучи можноста да се зголеми и листата на производи со ограничени маржи.

„Во дел на директни фискални имапликации во буџет, сме најавиле чекаме ребаланс, ќе излеземе и ќе известиме за. Мерки ќе се редизајнирани и таргетирани кон стопанство и граѓани кои имаат најголеми потреби.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Мерката следи откако цените на основните прехранбени производи нагло пораснаа изминативе недели. Стопанството веќе неколку месеци бара активирање на стоковите резерви, финансика помош за високите сметки за струја и скапиот увоз на суровини.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles