13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Од септември нови таргетирани мерки за помош на најранливите категории

Континуирано носиме мерки со цел да не се зголемуваат цените на основните прехранбени производи како што беа мерките кои на предлог на Министерството за економија на последната седница ги донесе Владата, односно за забрана за извоз на одредени производи и укинување на царина, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-За директни мерки како директна поддршка, Министерство за финансии е при крај на дизајнирање на нов пакет мерки во соработка со Стопанските комори. Согласно можностите кои ги има државата, мерките ќе бидат таргетирани за ранливите групи на граѓани кои имаат најголема потреба за помош. Таква поддршка ќе има и најверојатно ќе почне да се реализира од септември, изјави Бектеши на денешнат средба со новинарите.

Мерките, како што кажа, ќе бидат таргетирани за сите граѓани кои имаат најголема потреба во вакви кризни времиња.

-Тоа се тие што примаат гарантирана минимална помош, пензионерите со ниски приходи и други категории на граѓани кои ги немаат соодветните приходи за да можат значи и да ги плаќаат сметките, но истовремено и да го поминат месецот, појасни Бектеши.

Нагласи дека начинот како ќе бидат значи спроведени тие мерки ќе го утврди Министерството за финансии, и додаде дека би требало да биде што поедноставен со целата помош да стигне до тие што стварно имаат потреба.

Министерот информираше дека следната недела во рамки на иницијативата Опен Балкан во Тирана ќе се одржат работни состаноци со министрите од Албанија и Србија каде се разговара и ќе се предложат мерки со цел да се задоволат потребите за храна и струја за граѓаните на земјите во регионот.

-Во Тирана ќе разговараме во детали во делот на потребите на секоја држава за одредени производи, било тоа да се земјоделски или за електрична енергија, со цел да се обидеме со споделување на такви податоци да ги покриваме потребите на нашите држави. Иако имаме донесено забрана за извоз за пченица и за брашно, во моментот кога ќе ги отвориме тие прашања, ќе ги анализираме сите потреби и на Албанија и Србија и на нашата држава. Тие мерки на неделна основа може да се менуваат ако има интерес да се направи извоз од нашата држава за овие две држави и ако ние имаме потреба за одредени производ од Србија и Албанија. Ова ќе важи и за електричната енергија и енергенси во случај ако одредена држава ги има на располагање, потенцира Бектеши. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles