24 C
Struga
Monday, May 23, 2022
spot_img

Обиди за евакуација на граѓаните од Украина

Амбасадорот, со уште еден дипломат и двајца други македонски државјани вечерта ја поминале во скривница во македонската амбасада во Киев. Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека постојат обиди за евакуација на дипломатите, но засега тоа е невозможно, бидејќи Киев е опколен од руските воени сили.

Османи додаде дека 20-тина амбасадори на земји-членки на ЕУ сѐ уште се наоѓаат во украинскиот главен град и се прават напори македонските дипломати да се приклучат кон онаа Мисија која прва ќе успее да обезбеди транспорт до границата со Полска.

„За неколку граѓани коишто се во Одеса, разговарав вчера со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, бидејќи тие имаат Конзулат во Одеса, за да може со нивните автобуси, кога ќе ги преземат своите, да ги преземат и овие граѓани“, рече Османи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles