10 C
Struga
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Николовски од Тирана: Продолжуваме да ја продлабочуваме соработката меѓу Македонија и Албанија

Министерот Николовски, на средбата, ја истакна важноста на Договорот за фитосанитарна соработка, потпишан помеѓу двете држави во октомври, 2020 година.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски придружуван од заменик министерот, Абдулшуќур Абедини и државниот советник, Трајан Димковски, денес остварија работна средба со Фрида Крифца, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија.

Иницијативата за отворен Балкан ја зајакнува соработката меѓу двете држави овозможува на нашите земји да ја олеснат и развијат меѓусебната трговија со растенија и растителни производи, за којашто двајцата министри констатираа дека одлично се спроведува. Двајцата министри разговараа за унапредување на соработката меѓу државите за трговска размена на производи од животинско потекло, преку заедничка анализа и меѓусебно признавање на сите потребни сертификати, со цел зголемена трговска размена на овие производи. Во рамки на Иницијативата за отворен Балкан, работната група за земјоделство ќе одржи состанок од 12 до 13 мај 2022 година во Тирана.

Република Македонија и Република Албанија имаат одлична меѓусебна соработка потенцираа на средбата двјацата министри. Секоја средба е можност за дополнително унапредување на соработката меѓу двете држави, можност за размена на искуства во областа на земјоделството и за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи.

Потпишаните билатерални и мултилатерални договори меѓу двете земји се доказ за нашата соработка, овозможувајќи на граѓаните во двете земји соработка во сите области од општественото живеење.

Министерот Николовски, на средбата, ја истакна важноста на Договорот за фитосанитарна соработка, потпишан помеѓу двете држави во октомври, 2020 година.

“Фитосанитарната и ветеринарната соработка е интензивна меѓу надлежните служби на нашите земји и се одвива не само билатерално, туку и во рамките на ЦЕФТА Договорот за слободна трговија, како и во рамките на Иницијативата за отворен Балкан. Фитосанитарните и ветеринарните служби на Македонија во неколку наврати им дадоа поддршка на своите колеги Албанци во усогласувањето на законските и подзаконските акти од областа на ветеринарните и фитосанитарните прашања, со постојните прописи во Македонија кои се веќе усогласени со европските регулативи”, потенцира министерот Николовски.

Резултатите од договорот за фитосанитарната и ветеринарната соработка како успешни ги оцени и министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фрида Крифца, потенцирајќи ја благодарноста до министерот Николовски за поддршката во усогласувањето на законските и подзаконските акти од областа на ветеринарните и фитосанитарните прашања.

Министерот Николовски истакна дека во јули заедно со ФАО ќе се организира Конференција за консолидирање на фрагментирано земјоделско земјиште во Битола, кое е успешен пример за консолидирање на земјоделското земјиште.

Спогодбата за заедничко одржливо управување со риболовот во Охрид и Преспа, истакна министерот Николовски, ни овозможува заеднички да се грижиме за сите прашања поврзани со долгорочно одржливо управување со двете езера, како и одржливо користење и заштита на рибните резерви. Додавајќи дека очекува кај нас набрзо да се одржи и конститутивната седница на Заедничкиот Комитет.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles