8 C
Struga
Monday, December 5, 2022
spot_img

Нема сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија

И да има случај на мајмунски сипаници во Македонија, постапката да се потврди дека станува збор баш за тој вирус ќе потрае. 

Тестови немаме, а и да имаме, примерокот веројатно ќе треба да патува во друга странска лабораторија за дијагностика. Постапката за набавка на тестови е почната пред една недела, велат од Институтот за јавно здравје, но кога ќе заврши не се знае.

Додека Македонија нема ни тестови за мајмунски сипаници, а веќе е потврден првиот случај во регионов, поточно во Словенија, Британија е на врвот во Европа по бројот на заразени од мајмунски сипаници со околу 80 потврдени случаи, помеѓу кои и едно дете. Иако лекарите од целиот свет, а и нашите од Комисијата за заразни болести смируваат дека нема причина за паника, загриженоста доаѓа поради отворените граници и масовните забави кои можат да станат извор на зараза, како што е случајот со Белгија, каде дел од случаите се поврзани со музички фестивал. Сепак, за разлика од ковидот, за мајмунските сипаници има потврдени лекови кои се употребувале и претходно, па британците имаат и студии за ефикасни третман.

-Има студија на седум случаи на мајмунски сипаници во Обединетото кралство од 2018 до 2021, значи не се влучени сегашните заразени. Според она како биле третирани претходно, во еден случај е употребен нов антивирусен лек кој е одобрен за мали сипаници и пациентот навистина добро реагирал на него. Тогаш се употребале и други опции, како вакцината за мали сипаници. Па заклучокот е дека сите седум пациенти целосно закрепнале. Ако се заразите во британскиот здравствен систем, многу е веројатно дека целосно ќе закрепнете.-проф. Кејт Беjкер – Институт за инфективни болести при Универзитет во Ливерпул.

Инфектолозите велат дека луѓето кои биле вакцинирани против сипаници имаат многу помали шанси да заболат од овој тип, а доколку тоа се случи, болеста би требало да биде полесна. Засега од мајмунските сипаници во поново време, нема смртен случај.

Од СЗО информираа и дека годинава Европската агенција за лекови го регистрирала антивирусниот лек „тековиримат“ за третман на мајмунски сипаници, кој првично е развиен како терапија за големи сипаници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles