6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Нема договор за зголемување на минималната плата по денешната средба на економско-социјалниот совет 

Сојузот на синдикати, владата и работодавачите и по три часа не успеаја да ги испеглаат разликите околу зголемувањето на минималната плата, затоа што работодавачите излегоа со нови предлози.

Трите страни во економско-социјалниот дијалог се согласуваат дека е потребно зголемување на минималната плата, но колкаво никој за сега не кажува.

Синдикалците се револтирани затоа што работодавачите во „пет до 12“ излегле со барање да се смени методологијата за пресметка на минималната плaта.

Работодавачите одбија да го кажат износот, тврдejќи дека за висината на минималната плата немаат сопствени пресметки, туку ја чекаат владата да направи пресметка врз основа на нивните предлози. Но, од синдикатите веднаш ја направија пресметката, а тоа е износ од 16.242 денари.

Нова средба е закажана за петок, во 16 часот, на која сите три страни се надеваат дека ќе бидат испеглани разликите.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles