15 C
Struga
Wednesday, September 27, 2023
spot_img

На магистралниот пат Охрид-Кичево излетано патничко возило

На 11.03.2023 во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот. По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо” каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза”, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles