Home Maqedoni Мутацијата на омикрон БА-2 регистрирана во земјава 

Мутацијата на омикрон БА-2 регистрирана во земјава 

Подваријанта БА-2, на мутацијата омикрон, регистрирана е кај пет пациенти во земјава, дознава Алсат. Резултатот е добиен со специфична ПЦР анализа на материјалот од заболените лица. Засега е непознато каква е клиничката слика на пациентите кај кои е изолирана новата мутација.

Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека омикрон  варијантата, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: БА. 1, БА. 1.1, БА.2 и БА. 3.

Exit mobile version