15.9 C
Struga
Saturday, October 1, 2022
spot_img

МНР: Повторно во јавноста се појавија неточни информации за содржината на Протоколот

Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи.

Повторно во јавноста се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.

Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи.

Во овој чувствителен момент, сметаме дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за Францускиот предлог за отстранување на ветото и продолжување на Европските интеграции на земјава, кој во моментов е во финална фаза во Собранието на Република Македонија

Во овој контекст би сакале да посочиме дека содржината на евентуалниот Протокол меѓу двете земји, како записник од идната седница на Заедничката меѓувладина комисија, финално ќе биде усогласен на самата седница на оваа Комисија, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles