15.9 C
Struga
Saturday, October 1, 2022
spot_img

Михајловиќ-Бектеши: Белград и Скопје планираат заеднички проекти за енергетска инфраструктура

Српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ со министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, разговараше за соработката меѓу двете министерства.

Михајловиќ денеска на самитот на лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, со министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, разговараше за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од кабинетот на српската вицепремеирка, Михајловиќ и Бектеши се согласија дека солидарноста и соработката во моменти на енергетска криза, како и реализацијата на заеднички проекти во изградбата на енергетската инфраструктура се клучни за подобрување на енергетската безбедност на сите земји во регионот, не само на земјите членки на Отворен Балкан.

Нашата соработка во енергетиката, пред се кога станува збор за поврзување и изградба на енергетска инфраструктура, ќе значи развој и безбедност на целиот регион, особено кога станува збор за изградба на гасни интерконекции и нови капацитети кои користат ОИЕ за производство на енергија. Без поинтензивна и посилна соработка нема долгорочна стабилност, не само на нашите две земји, туку и на сите земји од околината. Соработката на иницијативата „Отворен Балкан“ ја подобруваме преку работата на заедничката кризна група, што претставува основа за конкретни проекти како што се можноста за изградба на соларна централа, заедничко балансирање, изјави Михајловиќ.

Во разговорот, кој му претходеше на состанокот на кризната група за храна и енергија на денешниот лидерски самит на ОБ, стана збор и за можностите за складирање на енергија, пред се гас, балансирање на електрична енергија, како и за создавање заеднички фонд за финансирање идни проекти.

На средбата одржана на маргините на денешниот самит на лидери „Отворен Балкан“ во Белград, Михајловиќ и Бектеши разговараа и за подобрување на севкупните билатерални односи меѓу Србија и Македонија, се наведува во соопштението.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles