19 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Министерот Османи на бројни билатерални средби во Охрид 

На маргините на Преспа Форум во Охрид, министерот за надворешни работи Бујар Османи одржа одделни средби со министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок и со заменик министерот за надворешни работи на Чешка, Алеш Хмелар.

На средбите беше констатирано задоволство од исклучително интензивните и пријателски односи кои се рефлектираат со динамичен политички дијалог, солидна економска соработка и развиена секторска соработка. Чешка и Словачка се наши важни партнерски и пријателски земји, кои беа и остануваат силни поддржувачи за реализација на надворешно политичките приоритети на Македонија. 

Во светло на актуелното француско и идното чешко претседателство со ЕУ, беа разменети мислења околу перспективите за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија и Албанија, текот на дијалогот со Бугарија и можните сценарија и за ургентната потреба Унијата геостратешки да делува во нашиот Регион. Воедно, беа презентирани и нашите очекувања за ангажман на идниот претседавач Чешка, од аспект на засилена европска интеграција на земјите од Западен Балкан. 

Соговорниците се согласија дека руската инвазија на Украина ја наруши стабилноста и безбедноста на Европа, предизвика енергетска криза и инфлација и ги постави новите предизвици кои несомнено бараат заедничко делување и солидарност, како во рамки на Европската Унија, така и во рамки на Алијансата, соопшти МНР.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles