13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

МВР: Пронајдени повеќе парцели со канабис во близина на границата со Албанија 

На 27/28.07.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, по преземени мерки и активности, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис сатива.

Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери  и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени.

По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles