4 C
Struga
Saturday, February 4, 2023
spot_img

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, денеска заедно со премиерот, Димитар Ковачевски, и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, оствари средба со  сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролин Едштадлер.

На средбата од страна на Едштадлер беше потврдена поддршката што во континуитет Република Австрија ја дава на Македонија на европскиот пат и за спроведувањето на реформската агенда.

-Австрија е земја која ја препознава вистинската и несомнена ориентација на Македонија кон евроатлантските вредности и идеали, а наша задача останува во периодот кој следи да ја задржиме земјата на европскиот пат и забрзано да работиме на постигнување на оваа важна цел, која ќе придонесе за безбедноста и просперитетот на земјите од регионот во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Владините претставници на средбата го поделија ставот со Сојузната министерка за ЕУ на Австрија дека Европската Унија е нецелосна додека земјите од Западен Балкан не бидат дел од неа.

-Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер ја дели со нас истата визија и цел: Македонија и регионот треба да бидат дел од ЕУ час поскоро, пишува Маричиќ на својот Фејсбук-профил.

Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Македонија.

Во тој контекст од страна на соговорниците беше констатирано дека Македонија е кредибилен партнер на ЕУ, кој може успешно да придонесе во развојот на најважните европски политики и има капацитет заедно со ЕУ да делува и одговори на предизвиците со кои се соочува цела Европа.

На средбата беше разговарано и за продлабочување на соработката и унапредување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји, во областа на културата, енергетиката и реформските активности поврзани со зелената агенда.

Австрија е меѓу нашите најважни партнери со која во последните две и пол децении сме сведоци на одлична соработка и постигнати резултати во спроведувањето на многу проекти во секторите, од огромно значење за развојот на земјата, како што се заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и отворањето на нови работни места, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles