17 C
Struga
Wednesday, May 31, 2023
spot_img

Макеоднија подготвена за пеколот на Драгао и мундијалското бараж финале против Португалија

Ден „Д“ за македонската фудбалска селекција и македонската спорт воопшто.

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20 – 45 часот на гости во Порто против фаворизираниот домаќин Португалија го игра историското бараж финале за пласман на Светскиот шампионат во Катар кој ќе се одржи на крајот на 2022 година

Црвено жолтите се подготвени за уште еден историски дуел како оној пред пет дена во Палермо кога падна актуелниот европски шампион Италија. Сега на ред е уште еден европски гигант и првак, силната Португалија на Кристијано Роналдо. 

Нашите најдобри фудбалери вечерва на Драгао во Порто нема што да загубат, треба само да ги покажат своите квалитети како еден маестрален колектив и да го послушаат селекторот Боби Милевски, да уживаат во мечот, бидејќи се на само еден чекор, 90 минути од историско учество на Светско првенство. 

„Сигурен сум дека не очекува сосема поразличен натпревар од оној против Италија. Најважно е да го реализираме тоа што ќе се договориме, вели Милевски.

Нашиот предводник ги знае стартните единаесетмина,но се уште не ги отвара картите.

Се очекува во почестиот состав да се појават повратниците елмас и костадинов најверојатно на местото на боби николов и милан ристовски.

-Здравствениот билтен е максимално поволен. Немаме никакви проблеми со повредите, па според тоа ги знаеме и почетните 11, но секако стартниот тим ќе го видиме пред мечот“.изјави Милевски.

Синоќа на стадионот “Драгао“ во Порто, избраниците на Милевски го одработија последниот тренинг, и сега се подготвени за битка до последен здив, за остварување на својот и сонот на цела Македонија пласман на еден мундијал.

Капитенот Стефан Ристовски иако одлично ги познава Португалците вели македонските фудбалери се во Порто иако многумина неверувале дека ќе стигнат тука, за да остварат уште еден голем резултат.

„ Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме на оваа прес-конференција, но тоа апсолутно не е случајно. Оваа наша репрезентација има нешто кое можеби другите воопшто го немаат, се чувствувам горд што сум капитен на овој национален тим и може само да кажам дека сме максимално подготвени за ова големо финале“ , порача капитенот Ристовски.

Легендарниот капитен на нашиот противник Португалија, големиот Кристијано Роналдо пред мечот со Македонија порача.

-Македонија изненади многу селекции, но сигурен сум дека нас нема. Португалија ќе победи и ќе оди на светско, утре е финале за нас и ние ќе победиме, изјави капитенот на Португалија Кристијано Роналдо.

Без разлика на епилогот на вечерашниот финален мундијалски бараж фудбалерите на македонија со залагањето, мотивираноста единството и борбеноста веќе ги освоија и наполнија срцата на сите граѓани на македоинија и се наши победници и заслужуваат честитки за се она што досега го постигнаа.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles