13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Македонија во жолта ковид фаза – нема нови мерки

Во Македонија нема мајмунски сипаници а земјата е пред пикот од четвртиот бран на Ковид 19. Комисијата за заразни болести заседаваше денес, но нови мерки и препораки нема. Бројките растат но нема исполнување на болничките капацитети. Првиот човек на здравственито систем вели дека состојбата  со пандемијата засега е оптимистичка и нема пациенти на интензивна нега поради компликации од вирусот.

-Бројките не се страшни, меѓутоа сега е туристичка сезона многу наши граѓани одат во странство и странци доаѓаат во земјата и самото тоа по себе значи ризик од поголемо ширење на вирусот, вели Беким Сали, министер за здравство.

Министерот за здравство вели дека има помалку од 100 хоспитализирани во инфективните одделенија, но упати апел до лицата со хронични заболувања да одат на вакцинација против ковид за да спречат можни компликации. Сали со порака и до оние кои сами се тестираат против вирусот.

-Оние кои се самотестираат да седат дома најмалку 3 дена, тоа не е одлука на Комисијата туку моја препорака, вели Сали.

Доколку дојде до влошување на состојбата треба да бидат отворени и 5те ковид амбуланти во Скопје како предлог на Комисијата за заразни болести. Комората на приватно здравство реагира на најавите дека во нив треба да дежураат матичните и го советуваат министерството да објават повик за ангажирање на лекари.

-На 50 дена еднаш 6 часа дежурство. Да се разбереме ние толку часа во 50 дена трошиме на пиење на кафе. Затоа треба да биде прифатена една таква идеја во интерес на јавното здравје, вели Сали.

За разлика од кај нас во некои земји во регионот го враќаат носењето на маски во затворен протстор.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles