12 C
Struga
Tuesday, September 26, 2023
spot_img

Комисијата за заразни болести утре на нова средба, епидемиолозите оценуваат дека не е време за рестрикции

Иако има пораст на бројот на новозаразени со Ковид и зголемување на хоспитализациите, нема ризик за преоптоварување на болниците и затоа не се потребни никакви мерки, смета професорот Драган Даниловски. Според епидемиологот заврши времето на рестрикции и принуди сега се треба да се сведе само на препораки.

  • Во моментот не се потребни никакви посебни рестриктивни мерки освен оние кои веќе важат и евентуално на ниво на препорака да се каже граѓаните, особено постарите да си носат маски во затворени простории, дуќани итн. и ништо друго, изјави за Сител професорот по епидемиологија Драган Даниловски.

Професорот Даниловски смета дека официјалната дневна статистика е само 2 проценти од реалните бројки кои според него се движат околу 40-50.000 заразени дневно, а само 1,8 отсто завршиле во болница. Со вакво темпо како што вели тој, овој бран ќе почне да спласнува во август, а евентуално покачување на број на новозаразени но ништо аларманто може да очекуваме околу нова година.

  • Овој летен бран со омикрон подваријантата ќе го одложи тој зимски бран до ноемри, декември, но ништо ново нема да се случи, вели професорот Даниловски.

Според информации на Сител Комисијата за заразни болести ќе заседава утре, но дали ќе препорачаат некакви Ковид мерки ќе соопштат по завршување на состанокот .

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles