15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Комисијата за заразни болести се подготвува за евентуална епидемија на мајмунски сипаници

Во Македонија се уште не е потврден случај на мајмунски сипаници.

Комисијата за заразни болести дала насоки со кои ќе се дефинираат протоколи за скрининг и тестирање, дијагностика и лекување на заразените со мајмунски сипаници. Овој тип на сипаница воопшто не е ист како вирусот на ковид.

„Заразените имаат осип на кожата во вид на меури полни со течност и стануваат како красти. Исто така имаат температура над 38 степени, малксалост и е многу слично со другите сипаници“, вели д-р. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Во поглед на ковид пандемијата бројките покажуваат пад на заразените, денеска од комисијата донесоа препорака да се укине задолжителното поседување на ПЦР тест за одредени видови на интервенции а може да се приложи ангигенски брз тест.

„Во болниците има илјада брзи антигенски тестови кои ќе бидат потребни на граѓаните“, потенцира Мехмедовиќ.

Според информациите на Свестката Здравствена Организација вирусот на овие сипаници се пренесува преку многу близок контакт на кожа со кожа, секрети во допир со отворена рана, преку контакт на телесни течности. Вирусот се пренесува респираторно само во контакт со големи капки, не и со аеросоли. Словенија е првата земја во регионот која потврди случај на мајмунски сипаници. Заразениот маж се вратил од Канарските Острови каде имало потврдени случаи со овие сипаници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles