26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Комисијата за заразни болести одлучи да не се вратат маските на затворено

Епидемиолошката состојба е стабилна, нема враќање на маските на затворено оти малку од заразените завршуваат во болница, заклучи Комисијата за заштита од заразни болести на денешниот состанок. 

Мнозинството од членовите гласале „против“ враќање на оваа превентивна мерка иако кривата на заразени е во подем, а за една недела, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, деветмина ја загубиле битката со вирусот. Од Комисијата велат дека пикот се очекува наредната недела.

Во меѓувреме, лекарите од Комисијата апелираат маски да се носат во затворено каде има поголем ризик од зараза, ова особено да го практикуваат повозрасните и хронично болните. Инаку кај нас се уште е на сила задолжителноста на носење на маски во болници, аптеки, автобуси и старечки домови, но во пракса, ретко кој ја почитува. Контролен механизам за ова нема.

Според официјалните податоци Скопје се уште е најголемо жариште, но сепак и покрај препораките на Комисијата петте ковид амбуланти кои треба да се отворат во поликлиниките Јане Сандански, Идадија, Чаир, Ѓорче и Ченто засега остануваат план на хартија. Ова е така поради тоа што во нив треба да дежураат матичните лекари, а ним не им се допаѓа таа идеја, бидејќи сметаат дека ќе ги остават на цедило сопствените пациенти.

Инаку за враќање на маските на затворено се одлучија дел од земјите во регионот. Таков е случајот со Црна Гора. По неа на ваков чекор се реши и Бугарија, но сепак оваа мерка ја врати само во Софија, главниот град кој сега е жариште.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles