20 C
Struga
Sunday, August 14, 2022
spot_img

Ковид картата повторно е црвена, расте и бројот на хоспитализирани

Кривата на заразени во подем, ковид картата повторно обоена во црвено, расте бројот на хоспитализирани, а вирусот зеде уште девет животи, покажува најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје. 

За седум дена има регистрирано над 4.700 заразени, што е 8,5% повеќе за разлика од минатата недела. Додека се чека пикот на петтиот бран, секојдневно, речиси половина од тестираните се позитивни, а во моментов има регистрирано околу 5.000 заразени со вирусот, кои се водат како активни случаи. Најголем број од регистрираните само во изминатите седум дена се возрасни над 60 години, а иако најмалку 226 дечиња до 9 години се потврдени како позитивни, сепак токму во оваа возрасна група има најголем раст од 32% споредено со минатата недела. Сега во болница лежат 160 граѓани, што е 18 % повеќе од минатата седмица.

Според Д-р Илчо Ефкоски поради ширум отворените граници најновиот летен бран не е нешто неочекувано. Тој за Канал 5 појаснува оти со најновите варијанти еден човек може да зарази 18 луѓе, а и во Македонија, и во светот „се кренало раце“ од изнаоѓање стратегија за превенција, која би вклучувала и вентилација на воздухот со филтри за прочистување во затворено, каде вирусот најмногу се шири.

-Оние информации кои ги имаме за омикрон варијантите Б.А.1 и Б.А.5 и „Кентаур“, засега што е проверено, а тоа е дека еден заразен со Б.А.5 може да зарази 18 луѓе. Тоа е голема бројка и посилна од морбилите. Тоа би требало да е едниот фактор, но вториот фактор е дека ова е комуникативна болест, односно се шири кога луѓето комуницираат. Штом е зголемена комуникацијата помеѓу државите се шират и различните варијанти.

-Треба да ни биде јасно дека овој циклус на заразувања кој го имаме и оној кој властите го протежираат дека е ова сезонска болест, е нејасен. Јас не гледам како го гледаат како сезонска болест. Која сезона ќе фатиме, три пати годишно ќе се заразуваме или четири? Тоа е изолација, разболување, тоа е немање на работници.

Според Д-р Ефкоски, овој бран нема да е олеснување за она што следи на есен, бидејќи реинфекциите веќе се вообичаени. Тој смета дека наместо „стратегијата на стадо“ мора да се размислува за превенција за да може да се постигне фукционалност на општеството особено за време на брановите. Тој смета дека освен носење на Н95 маски над носот, прво нешто кое треба да се направи е да се обезбеди прочистување на воздухот во моловите и насекаде во затворено, особено во училиштата од септември.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles