12.7 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, истакна дека со ребалансот на Буџетот за 2022 година кој очекува наскоро да го изгласа Собранието се обезбедуваат дополнителни скоро 80 милиони евра .

Ковачевски, истакна дека со ребалансот на Буџетот за 2022 година кој очекува наскоро да го изгласа Собранието се обезбедуваат дополнителни скоро 80 милиони евра за брза реакција и нови мерки за заштита стабилноста на граѓаните и компаниите во услови на економската криза.

„Со оглед на тоа дека ефектот на кризата е пролонгиран заради војната во Украина и со оглед на тоа што цените на светските берзи и на енергенсите и на нафтените деривати и на храната и суровините постојано растат тоа беше една од претпоставките при конципирањето на ребалансот на Буџетот за 2022 година. Буџет којшто обезбедува стабилност и поддршка на граѓаните и компаниите и одржување на стандардот и ликвидноста на компаниите. Овие пари се да се поддржат граѓаните, компаниите кои што средства ќе бидат насочени за подготовка на мерки кои што ќе бидат таргетирани кон овие категории на граѓани и компаниите. Во самиот ребаланс на Буџет предвидени се и 52 милиони евра за земјоделците а обезбедени се и финансиски средства за покачување и исплата на пензиите, и на платите во образованието и детската заштита како и субвенции за покачување на минималната плата. Сето ова во моментот се наоѓа на гласање пред пратениците“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека вкупните приходи на Буџетот се зголемени заради добрата наплата на изворните приходи на Буџетот и приходите на фондовите а исто така и зголемени се вкупните расходи со цел финансирање на антикризните мерки до крајот на годината. Врз основа на планирани приходи и расходи дефицитот е планиран да биде поголем во однос на оригинално планираниот меѓутоа помал од она што се претпоставуваше и шпекулираше и дефицитот е проектирана на 5,3% од БДП во којшто нормално влегува и отплатата на долгот кон странство од минатото и исплатата на каматата по основ на тие задолжувања.

Премиерот Ковачевски посочи дека одговорноста во вакви услови за секоја Влада е огромна затоа што мора да се мисли на граѓаните, мора да се мисли на компаниите. Прво на најранливите категории на граѓани со цел да се заштити нивниот животен стандард, а од друга страна да се обезбеди ликвидност на компаниите со цел да може да функционираат и да се обезбеди понатамошен економски развој на истите.

„За таа цел, беа донесени 26 анти кризни мерки коишто тежеа 400 милиони евра и дополнително субвенционирање на електрична енергија што севкупно значеше таргетирани издатоци од 610 милиони евра, коишто издатоци обезбедија мерки да немаме ценовни шокови за граѓаните и да имаме најниски цени на енергенсите и особено на електрична енергија во целиот регион“, рече Ковачевски, се наведуива во соопштението од Владата. .

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles