8 C
Struga
Thursday, December 7, 2023
spot_img

Ковачевски: Може да има лидерска средба, но за стратешки прашања

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“ истакна дека лидерска средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски може да има но за стратешки прашања.

-Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина. Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии – постои, порача Ковачевски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles