1.7 C
Struga
Tuesday, November 29, 2022
spot_img

Ковачевски: Дел од мерките ќе бидат продолжени, дел редизајнирани

Новите антикризни мерки нема да бидат задоцнети, наскоро ќе има продолжување на дел од тие кои важеа досега, а ќе има и редизајнирани со цел да се ублажат ценовните шокови- уверува премиерот Димитар Ковачевски.

Во Само Интервју на Канал 5 најави дека министерствата за економија и финансии го кројат планот за предвидените 72 милиони евра преку ребалансот на Буџетот да помогнат на граѓаните кои се најпогодени од економската криза. Премиерот вели дека се прават пресметки и за помош на енергетскиот сектор.

Во меѓувреме опозицијата во Собранието обвинува дека вината за поскапените цени на горивата и храната е кај власта која, според нив, не прави долгорочни планови. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање до собранискиот спикер Џафери да закаже итна седница за да гласање на нивните два закона за намалување на акцизите на горивата за 50 отсто, ДДВ-то на 5 отсто и целосно укинување на данокот на храната до крајот на годината.

И останатите опозициски партии како Алијанса за Албанците и Левица се на иста линија- единствен излез гледаат во брза собраниска процедура за намалување на цените.Кога овие предлози ќе се најдат на дневен ред на седница, пратениците се уште немаат одговор од Џафери. Од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека заради ефикасност и е дадена законска можност на Владата брзо да реагира со економски пакети, без да прецизираат дали ќе ги поддржат опозициските закони во Собрание.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles