15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе потпишат Договор за заемно признавање дипломи и научни степени

Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на Отворен Балкан на 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Република  Македонија Димитар Ковачевски.

Владата денеска на седница донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан во областа на заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

– Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на Отворен Балкан на 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, додека од страна на Република Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а во име на Република Албанија, премиерот Еди Рама, соопшти владината прес-служба.

На денешната 50-та седница на Владата, која се одржа преку видеоконференциска врска, беше прифатен предлогот до 31 декември 2022 година да се продолжи рокот на Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија.

Рокот на одлуката се продолжува поради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење пандемија од вирусот КОВИД-19 и спречување на негово ширење.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles