27 C
Struga
Thursday, July 11, 2024
spot_img

Ковачевски: Ако битката на НОБ беше за слобода, нашата битка е како Македонци да станеме дел од ЕУ до 2030

Ако во 40тите години од минатиот век патриотизам беше да се земе пушка в раце и да се победи фашизмот, денес патриотизам е да се обезбеди стабилна и сигурна сегашност и иднина, порача претсесдателот на СДСМ Димитар Ковачевски од традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во организација на ОО СДСМ Куманово.

„Ако првата битка која ја одреди македонската државност, беше битката против фашизмот, втората битка беше за независна, суверена и демократска држава, призната од целиот свет. Третата битка почитувани другари и другарки, е битката денешна, моја, ваша и на оваа генерација. Тоа е политичка борба за европска Македонија. 

За полноправно членство во ЕУ како Македонци, кои говарат македонски јазик и остварување на уште еден наш, национален, стратешки интерес. 

Овој процес е во тек, почнавме преговори со ЕУ и наше е да го завршиме до крај.

Мојата визија, визијата на СДСМ и Владата кои ги предводам е реализација на децениската определба Северна Македонија да стане составен дел од големото семејство на Европската унија. Јас, Димитар Ковачевски ја предводам оваа партија и оваа про-европска коалиција и решен сум, заедно со вас, да ја оствариме оваа цел до 2030 година.

Немам дилема дека ќе успееме. Посветени сме и подаваме рака секој да се вклучи во процесот што ќе ја заокружи македонската европска иднина. Затоа што тоа е највисока форма на модерниот патриотизам.“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски повика да не дозволиме деструктивните сили кои сакаат да ја закочат земјата и да ја вратат назад во некое мрачно минато, да успеат.

„Истите оние кои 11 години го валкаа делото на партизаните, на НОБ, кои борците ги оставија на улица, кои во своите статути се повикуваат на соработници на фашизмот а на партиските конгреси аплаудираа на погрешни. 

Ова е заедничка политичка борба, на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците, со сите наши граѓани.Политичка борба за подобро утре на сегашните и идните генерации.“ порача Ковачевски.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles