12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Киев: Украински трупи навлегоа во руските линии на фронтот во Херсон

Украинските трупи навлегоа во руските линии на фронтот во јужниот регион Херсон, јави ДПА, пренесувајќи украински медиуми.    

– Вооружените сили на Украина започнаа офанзивни операции во повеќе делови на јужниот дел од Украина, изјави Наталија Хуменјук, портпаролка на украинските јужни одбранбени сили. Сепаратистичките единици на Доњецк и руските маринци кои ги поддржувале, наводно, биле принудени да се повлечат.

Повеќе информации засега нема, па медиумот нагласува дека актулените засега не можат да добијат независна потврда. Русија изврши инвазија врз Украина пред нешто повеќе од шест месеци. Оттогаш, презеде контрола врз поголеми јужни и источни делови на земјата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles