5 C
Struga
Sunday, April 21, 2024
spot_img

По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Баербок на Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме.

Германија продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на регионот, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на МНР.

Како што соопшти МНР, Баербок утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи, во рамки на која ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Шефицата на германската дипломатија ќе оствари средби и со парламентарната Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата од МНР, по пристигнувањето, Баербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес – конференција.

Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри, како што најавија двете страни, ќе биде пристапниот процес на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

Од Скопје, Аналена Баербок во петок ќе отпатува во Грузија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles